https://www.flickr.com/photos/aelkoussy/10193139374/in/photolist-2giEatV-5fjGhr-NeEbJk-2giDEkJ-2giEav8-dMPop1-fCYFfa-brN9BH-ox5pm9-XTMEMD-542XGC-brN8kH-wjGucH-MASokQ-8fSC24-F1SLns-brN95r-dyem32-dyjNi3-dyekhR-gwJvdj-oqGL89-7jArKo-Hp2WQ-fBFgYb-arFz3t-2n8Yqmr-dzbPRk-GuUNrt-62YxQa-633NHf-62Yy5M-633MjN-62Yx76-633MEN-62YxZH-62YyBi-62Yyuv-2mxVq9g-62YyGD-633MPJ-62YwYF-633NcL-62Yxja-62YyoZ-duwVQr-2fMda28-633Myw

05.11.2022 Скопје

Денеска, Европол соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа.

Во врска со операцијата во која учествувале полициските служби на 28 земји, од Европол соопштија дека сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе.

Регистрирани се 2.500 нелегални влегувања на територијата на Европската унија и запленети се 106 парчиња огнено оружје. Запленети се и 304 килограми хероин, 147 килограми канабис и 1,3 килограми кокаин.

Од Европол посочуваат дека балканската рута, преку која илјадници транспортни возила влегуваат на територијата на Европската унија, активно се користи за илегална трговија со луѓе, огнено оружје и дрога до европските земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author