evro kolaps

28.11.2022 Скопје

Податоците во објавениот извештај на Европската агенција за статистика покажуваат дека се повеќе Европејци потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените.

Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци се зголемил во вториот квартал на тековната година во осум од 10-те земји на ЕУ кои биле вклучени во истражувањето.

Податоци до Евростат доставиле Белгија, Бугарија, Франција, Ирска, Италија, Австрија, Луксенбург, Словенија, Словачка и Финска, а само во Словенија и Финска статистиката покажува дека трошоци во вториот квартал од годината биле намалени.

Според податоците со кои располага Евростат, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.

Словачка, Италија и Франција исто така се вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци, а најмал е уделот во Финска каде што изнесува 11 проценти, односно дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци.

Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби, а нивниот удел е најмал во Бугарија, каде што само нешто повеќе од три проценти од испитаниците рекле дека многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци.

https://www.facebook.com/photo?fbid=521158303386500&set=a.298718162297183

Подготвено од М.Н.

About Author