vojnici

18.11.2022 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е неопходен прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.

Орбан истакна дека е јасно дека Европа постепено влегува во таа војна, врз Унгарија сè уште не е пукано, но ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте. Воедно, додаде дека Унгарија зборува со јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика.

За унгарското државно радио, Орбан изјави дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој кој интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така зазема став кој поддржува една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.

Според унгарскиот премиер Орбан, Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува во иднина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author