22.11.2022 Скопје
Европските рафинерии имаат повеќе сурова нафта од она што им е потребно. Раната паника за намалениот извоз на руска нафта и последователниот недостиг на нафта во светот, се покажа како преголема и непотребна.
Трговците со сурова нафта ја посочија способноста на Европа да набавува сурова нафта од Блискиот Исток, САД и Латинска Америка, но по се изгледа набавиле премногу нафта во минатите месеци, веројатно поради стравувањата за недостиг на руската нафта.
Благодарение на бескрајната борба на Кина за достигнување на неостварлива цел за нулта ковид, и Азија купи помалку сурова нафта отколку што предвидуваа аналитичарите дека ќе и биде потребно.
Ова лето сите трговци и рафинерии го засилија своето купување сурова нафта поради предвидувањата за недостиг на таа суровина која произлезе од санкциите на Европа кон Русија.
Европската забрана за увоз на руска нафта треба да стапи на сила на 5 декември а дотогаш Европа нема да има никакви пречки за да ја добие уште поголема количина на сурова нафта.
Подготвено од М.Н.