Image by 4045 on Freepik

09.11.2022 Скопје

Коперникус, службата за климатските промени на Европската комисија, објави дека Европа го имаше најтоплиот октомври досега, со температури скоро 2 Целзиусови степени над референтниот период во 1991-2020 година.

Во октомври годинава се забележани рекордни дневни температури на повеќе локации во Западна Европа, како Австија, Швајцарија и Франција, како и во многу области на Италија и Шпанија.

Годинава, октомври беше постуден од просекот во Исланд и на некои од грчките острови.

Во некои делови на Балканот и во Грција, температурите беа речиси на просечно ниво, додека пак во други делови од Западна Европа беа над просечните вредности.

На глобално ниво, октомври 2022 година беше за 0,41 Целзиусови степени потопол од просекот од 1991 до 2020 година и само за околу 0,04 степени Целзиусови постуден од октомври 2019 година, кој беше најтоплиот месец октомври во историјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author