28.11.2022 Скопје
Европската комисија соопшти дека ќе мобилизира пет милиони евра поддршка за Уганда која се соочува со нов бран на ебола. Со оваа помош ќе се поддржат клиничките тестирања на вакцини и третмани против суданскиот сој на ебола за кој не постои во моментов ниту лек ниту вакцина.
Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача дека со оваа итна помош за Уганда, ЕУ се обидува да придонесе во контрола на епидемијата, која е смртоносна и „многу загрижувачка”.
Петте милиони евра се поделени на два дела, четири милиони евра за вакцините, а еден милион евра за третманот.
Подготвено од А.Ѓ.