https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/62/Vlada_Crne_Gore.jpg/800px-Vlada_Crne_Gore.jpg

28.11.2022 Скопје

Денеска, Европската унија ја повика Црна Гора веднаш да ја прекине блокадата на институциите и да ја нормализира ситуацијата во земјата.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, порача сите политички чинители да се воздржат од секакви дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза во државата и да го нарушат функционирањето на демократските институции, истакнувајќи дека тие треба да дадат приоритет на градењето консензус.

Стано на прес-конференција порача дека ЕУ многу внимателно и со загриженост ја следи внатрешно-политичката ситуација во Црна Гора и посочи дека тоа била и останува главната порака.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author