04.11.2022 Скопје
Илва Јохансон, еврокомесарка за внатрешни работи, ја поздрави одлуката на Србија да стави крај на неколкуте безвизни режими до крајот на оваа година и нагласи дека соработката со Србија е клучна во оваа област.
Јохансон, на прес-конференцијата по првиот ден од Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Тирана, истакна дека усогласеноста со визите е од најголема важност и среќна е што Србија веќе го усогласи визниот режим со Тунис и Бурунди. Воедно, додаде дека Србија има ветено дека ќе го усогласи визниот режим со европските и другите земји.
Еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон се надева дека наскоро ќе може да се сретне со српскиот министер за внатрешни работи, кој не можеше да отпатува за Тирана.
Тема на разговор во Тирана беше ситуацијата долж западнобалканската мигрантска рута и како што беше оценето тоа е заеднички предизвик и заедничка одговорност која треба да се реши со тесно партнерство меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Подготвено од А.Ѓ.