23.11.2022 Скопје
Европската комисија ја поздрави забраната како добар одговор на зголемениот обем на продадени производи од овој вид ширум ЕУ, и смета дека ова ќе помогне во европскиот план за борба против ракот.
Целта на планот е до 2040 година помалку од пет отсто од населението да консумира тутун и тутунски производи.
Според еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, тутунот предизвикува 90 отсто од раковите на белите дробови, истакнувајќи дека благодарение на забраната граѓаните и посебно младите ќе бидат подобро заштитени од штетните ефекти на овие производи.
Земјите членки на ЕУ имаат осум месеци да ја преточат забраната во домашното законодавство. Пред 23 октомври другата година треба да се исцрпат сите залихи на овој вид тутунски производи и новите правила да важат во цела ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.