https://www.flickr.com/photos/195697110@N02/52176103578/in/photolist-58Hqgg-7cZPDM-7cZPQ2-7cZPMg-qkdJNt-qkdJLz-qkdJQT-qkdJVn-qkdJNZ-qYTNms-qYZM1t-qkdJNP-aVghxt-E4Cby-2gH6LgC-Qi34MU-3KDLj-zu3v6v-2mkQcqD-2heneYH-2mkU2QN-2mkQcpG-CF6uVn-9FktMF-2ig9KgF-2nuCaNJ-22Km35c-VePxr4-2HsVRD-D2z2xd-HNKGUK-EC5Kod-HNKHsP-HNKJ2p-22Km2vM-EC5NQd-EC5PdN-ZjzSWW-EC5MXw-22Km3re-VBKHuz-XGZ7bJ-zczxg-243xuVZ-C7T4aK-CbfGjV-YpF76-D3idV3-KYruM9

01.11.2022 Скопје

Чешкиот премиер Петр Фиала, по враќањето од Киев, изјави дека ЕУ може да ја санкционира и Белорусија, сојузникот на Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина.

Белорусија вели дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руските трупи да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како задна база за нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Петр Фиала истакна дека во моментов ја испитуваат улогата на Белорусија и потенцијалната потреба таа да стане цел на санкции.

На 7 октомври, Владата на Чешка објави дека на 31 октомври во Киев ќе се одржи заеднички состанок со Владата на Украина.

Чешкиот премиер додаде дека некои санкции против Белорусија веќе се во сила, но неможат да прифатат дека Белорусија ја поддржува руската политика или дека Русија го заобиколува ефектот на санкциите преку земји како Белорусија.

ЕУ воведе осум пакет санкции насочени кон руската индустрија и поединци од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

Според Фиала, Русија мора да биде се повеќе и повеќе изолирана.

Јан Липавски, чешкиот министер за надворешни работи, изјави дека нападите врз Украина се извршени од белорускиот воздушен простор и дека Белорусија ја снабдува Русија со оружје.

Минск и Москва најавија заеднички воени сили во октомври, а украинската војска е загрижена поради „растечката закана“ од нова руска офанзива од Белорусија.

Подготвена од А.Ѓ.

About Author