04.11.2022 Скопје
Официјални лица во Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) сметаат дека глобалната енергетска криза може да го забрза преминот од фосилни горива кон други извори на енергија.
Ова е првпат Меѓународната агенција за енергија да вклучи плато или максимум за секое фосилно гориво во својот редовен Светски енергетски преглед.
Првично се очекуваше природниот гас да продолжи да расте, но сега се очекува да достигне врв околу 2030 година.
Меѓународната агенција за енергија предвидува и дека рускиот извоз на фосилни горива никогаш нема да се врати на нивото од 2021 година под ниту едно сценарио.
Според Меѓународната агенција за енергија, во рок од 10 години, уделот на Русија во меѓународната трговија со нафта и гас треба да се преполови.
Подготвено од А.Ѓ.