https://www.flickr.com/photos/iaea_imagebank/47685032801/in/photolist-2fDLfVX-RThVAz-2mWyrvp-2fDLgfp-2fDLg9c-2fDLgcD-2fDLfJp-2hMyg5r-2hMASHj-2hMBZ4K-2hMASAR-nt7Jtw-2hMyghW-2hMASkR-2hMygHq-2hMyfRv-Z3HN4A-2hMBYPX-2hMBYmc-2hMBYGY-2mWDnR4-2mWyrx8-2hMAT2f-2hMygiY-2hMAS7K-2hMASCu-2hMygwU-2hMBZep-2hMBZam-2hMyfFq-2hMASu8-2hMBYS2-2hMATdc-YGEgD1-2hMASWW-2hMBYUm-2hMBYJX-2hMygRw-2hMBZh5-2hMASJS-2hMBYbc-2hMBZgD-2mGJoyA-2nPeKxg-2hMygxF-2hMyh7g-2nR8gxQ-2hMyg44-2hMAS5W-2hMBZdN

22.11.2022 Скопје

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), со свој тим ќе ги проверува објектите или оштетувањата на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје на југот на Украина.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, порача дека секој кој пука во централата си игра со оган.

Агенцијата соопшти дека во текот на викендот одекнале повеќе од десет експлозии во близина на нуклеарната централа, што е вознемирувачко и неприфатливо, по што Гроси истакна дека кој и да стои зад тоа, мора веднаш да прекине.

Запорожје е под руска контрола од почетокот на војната, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен за бомбадирањето околу нуклеарната централа, од управата на централата истакнаа дека се забележани оштетувања на некои згради и системи но дека за сега ситуацијата не е критична.

Подготвено од М.Н.

About Author