26.11.2022 Скопје
Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, изјави дека секоја недела сме сведоци на нови почетоци на изградба или на пуштање во употреба на некоја странска инвестиција и тоа е доказ дека со ефикасни и одговорни политики се стабилизира македонската економија и станува се повеќе конкурентна дури и во време на криза.
Лукаревска посочи дека со Буџетот за 2023 година ќе продолжи помошта за граѓаните и економијата со цел побрзо и полесно надминување на сите последици од кризата.
Лукаревска истакна дека повратот на ДДВ во 2023 година ќе биде зголемено од 1.800 на 2.100 денари, а во Буџетот на претстојната 2023 година обезбедени се средства за нов раст на платите и пензиите, но и близу 800 милиони евра за капитални инвестиции, односно за нови патишта, водоводи, градинки, училишта и болници.
Во првите десет месеци од годинава, во ТИР зоните вработени се над 2.000 граѓани, што само потврдува дека македонската економија е една од најатрактивните за странските инвеститори во време на криза, додаде Лукаревска.
Подготвено од М.Н.