https://www.facebook.com/dm.Makedonija/photos/2349656768532627

28.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден во организација на dm drogerie markt во близина на автопатот Миладиновци – Штип, повеќе од 300 вработени на dm drogerie markt, волонтери и претставници на институционалните партнери го започнаа садењето на 27.000 садници, како дел од кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

Во периодот од средината на месец август, кога беше најавен почетокот на оваа кампања, до крајот на месец септември, dm drogerie markt издвојуваше по 1 денар од секој купен производ од сопствените трговски марки, со што купувачите на dm станаа важни партнери во овој проект. На почетокот на месец ноември dm објави повик до сите заинтересирани граѓани да се приклучат и да присуствуваат на денот на садењето.

Со овој потег, компанијата ги поттикна граѓаните, директно и индиректно да земат учество во проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре”, и со тоа да придонесат во развивање на зелените површини на територијата на целата држава.

Од dm drogerie markt изјавија дека со оглед на силното влијание на животната средина врз здравјето на луѓето, здравата животна средина мора да биде приоритет за секој поединец, но и за секоја компанија, истакнувајќи дека како компанија која веќе 10 години работи успешно на македонскиот пазар и промовира одржливи стандарди преку различни проекти, целта им е токму ова и се среќни што и нивните купувачи ја препознаваат оваа нивна карактеристика и несебично се вклучуваат во сите нивни општествено одговорни проекти. Воедно, додадоа дека доказ за тоа е и одличниот одзив на волонтери, како и целиот тим на dm кои го дадоа својот придонес за овој голем проект.

Ваквите акции со кои се извршува масовно пошумување на предели кои биле опфатени од шумски пожари или имаат потреба од развивање на биодиверзитетот, имаат големо значење и придонес во развој на еколошката свест кај граѓаните, во прочистување на воздухот, како и за спречување на ерозивниот процес кој често се појавува во непошумени планински предели кои имаат плодна и ровка почва, како што е пределот којшто се пошумува во првата акција за пошумување.

Од dm дрогерие маркт најавија дека акцијата за пошумување е иницијатива којашто ја започнуваат оваа година и ја гледаат како долгорочен проект кој сакаат да прерасне во традиција што долги години ќе придонесува за позелено утре за сите нас.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author