02.11.2022 Скопје
Егземата се јавува кога кожата ќе се воспали, и е проследена со непријатно чувство на иритација и чешање, но според најновите истражувања може да има една предност односно може да значи дека луѓето кои имаат егзема се под помал ризик од заболување од рак на кожата.
Според истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон, егземата предизвикува имунолошки одговор за кој велат дека може да спречи формирање на тумори, така што ги отстранува потенцијално опасните клетки на ракот од површината на кожата.
Студијата, која е објавена во списанието „eLife“, беше прва што покажа дека алергијата што настанала како резултат на оштетување на кожата може да заштити некого од рак на кожата, и професорката Фиона Вајт, која го водела ова истражување се надева дека оваа студија им пружила мала утеха на заболените од егзема и дека оваа непријатна состојба всушност може да биде корисна во некои околности.
Подготвено од М.Н.