https://www.flickr.com/photos/hendratea/8222741396/in/photolist-dwBGxo-9J1xUr-2nnrgQb-5rJ3Dx-7gfcKH-7gfcW8-7gfcJT-7dgaUZ-7dk3BL-7dgb3c-2nUTVxh-KWVgMW-efC6iW-rLC5Ec-JbCcB7-9NNhuG-efC6hL-efC6gq-v2cTDz-25z335K-xF9cnr-2ntCKUo-2n3wXUC-9ZnRw8-7EnrFN-4Y6MEd-7dk1Cd-v2cX38-7dk3Mf-7dgbyr-9NNhSS-7dk3vw-WGhS9r-9NNhfU-287DZXL-7dk3yY-7dg9H8-7dg8SF-7dg9xn-e1wqFV-7dgaxt-7dgaqp-7dgaEe-7gj86C-7djZPY-7dk3d1-7dk1KU-7dg9M6-7gfcUr-p7txbV

12.11.2022 Скопје

На конференцијата што ја одржа Асоцијацијата за е-трговија, донесен е заклучок дека, иако бројките и податоците покажуваат раст на е-трговијата во Македонија, сепак сè уште нашата земја е рангирана на дното споредено со европските земји, а и зад дел од земјите од регионот кај повеќето индикатори.

Претседателката на Асоцијацијата за е-банкарство, Нина Ангеловска, изјави дека во однос на навиките за користење на услугите од електронското банкарство, податоците покажуваат дека 31 процент од населението што користи интернет има е-банкарство, но тоа сепак не е доволно, државата е подобра само од соседните земји, додека 66 проценти од Европејците го користат интернетот за е-банкарство.

Клучните сознанија од извештајот кој е со наслов „Преглед на анализата на е-трговија (2022) во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји”, е дека Македонецот купува онлајн еднаш до двапати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци, најмногу се купува облека онлајн, а најмалку мебел и храна.

Овој извештај беше презентиран од претседателката на Асоцијацијата на е-банкарство, Нина Ангеловска.

Подготвено од М.Н.

About Author