https://www.flickr.com/photos/193268753@N04/51932066423/in/photolist-2n84q4z-bXLdyN-25Ear9A-c88u2G-c88uhU-bYvPks-c88uy7-6s28GN-2fvt16Z-67sDtX-bXMHSy-67x3eu-Tnjr8J-21e7gXT-nm5rNh-243v5YR-bXLvAq-2ntmYtV-2ntts49-2ntsdb3-7tiLzw-bXLzWs-bXLz7E-bXLxa9-bXLzF5-bXLydj-bXLwmQ-bXLvgS-bXLwH3-bXLzpd-bXLxX3-bXLw3S-bXLvLh-7tgqG4-faPTJw-Ae9AW-bXLuZ1-nL6fVU-qdCEu7-6AE4Ax-2mbBbJG-6AE3YM-6AE4Pk-7tktdL-38n5QG-6AE5cM-7tkf7s-7tkq73-6AE51Z-6AE5mi

03.11.2022 Скопје

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја обвини Велика Британија, дека ги користи граѓаните на Албанија како изговор за својата неуспешна доселеничка политика, откако британски министри коментирале за порастот на бројот на азиланти од Албанија.

Рама истакна дека британската реторика завршила со казнување на невините, вклучувајќи ги и бизнисмените и вредните Албанци кои плаќале данок во Британија, и неговите коментари следат по тврдењата на британски министри дека Албанците стојат зад порастот на пристигнувања со мали бродови преку Ламанш и дека многумина од нив се вмешани во организиран криминал.

Потпаролот на британската влада изјави дека владата е посветена на изградба на соработка со Албанците, вклучувајќи борба против нелегалната миграција, а Рама порача дека Британија кон Албанија мора да се однесува со почит доколку сака повеќе помош околу решавањето на проблемот со мигрантите.

Подготвено од М.Н.

About Author