14.11.2022 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама денес ќе биде во официјална посета на Скопје.
Договорено е премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, во Скопје да ја водат заедничката седница на владите, а седницата се очекува да започне со официјални обраќања на Ковачевски и Рама.
За време на седницата ќе биде одржана и церемонија со потпишување на договори и меморандуми од страна на премиерите Ковачевски и Рама, кои ќе бидат додатна потпора за продлабочувањето на меѓусебната соработка на двете држави.
Поради официјалната посета на премиерот Рама, во Скопје ќе биде изменет и режимот на сообраќајот.
Подготвено од М.Н.