23.11.2022 Скопје
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави во јавноста за тоа како некои европски лидери реагиреле на руската инвазија врз Украина.
Џонсон истакна дека првично Германија била за пораз на Украина, а Франција не верувала дека рускиот претседател ќе посегне кон напад на Украина.
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека Западот брзо сфатил дека со Путин не може да се преговара, и дека е потребен обединет фронт, па затоа ги смениле своите ставови.
Францускиот претседател Макрон бил во посета на Кремљ само неколку недели пред руската инвазија на Украина, бидејќи воопшто не верувал дека ќе има напади.
Размислувањата на европските лидери воопшто не биле разбирливи, бидејќи во еден момент сите зборувале дека, доколку дојде до војна тоа ќе биде катастрофа и во тој случај подобро би било Украина да се откаже, истакна Џонсон.
Додека пак италијанската влада, на чело со Марио Драги истакнуваше дека нема да може да ја поддржи позицијата што ја зазедовме, додаде Џонсон, и ја поврза италијанската рамнодушност спрема воената состојба со зависноста од рускиот гас.
Подготвено од М.Н.