27.11.2022 Скопје
Џон Мекфал стана првиот кандидат за астронаут со физички хендикеп во историјата, одбран од Европската вселенска агенција (ЕСА).
Мекфал е специјализант по ортопедска хирургија во Англија, има 41 година и во своето слободно време сака да трча и да вози велосипед на планина.
На 19-годишна возраст имал сообраќајна несреќа и му била ампутирана десната нога, но несреќата не го спречила Мекфал да научи повторно да оди, па дури и да трча.
Џон Мекфал е одбран во рамките на проект на Европската вселенска агенција за вклучување индивидуалци кои се квалификувани да станат астронаути, но имаат физички хендикеп поради кој обично не би биле примени, а севкупно се избрани 17 нови кандидати од кои речиси половина се жени.
Подготвено од М.Н.