26.11.2022 Скопје
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека американскиот претседател Џо Бајден ќе го посети Мексико на почетокот на јануари во рамки на Самитот на северноамериканските лидери, кој претходно беше планиран за декември.
Мексиканскиот претседател Лопез Обрадор, на прес-конференција ја најави посетата на американскиот претседател Бајден. Мексиканската влада со години се обидува да ги реши големите несогласувања околу енергетската политика на Мексико со САД и Канада.
Лопез Обрадор изјави дека голема е веројатноста билатералната средба со канадскиот премиер Џастин Трудо и средбата на тројцата лидери да се одржи по неговата средба со Бајден.
Во разговорите меѓу лидерите, меѓу другото, се очекува да се разговара и за трговскиот договор САД-Мексико-Канада (USMCA), бидејќи во јули годинава, Вашингтон и Отава побараа енергетската политика на Лопез Обрадор да се дискутира во рамките на USMCA, тврдејќи дека таа ги дискриминира американските и канадските фирми.
Подготвено од М.Н.