18.11.2022 Скопје
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека договорот со авиокомпанијата „Визер“ е истечен и дека унгарската компанија веќе извесен период врши транспорт без субвенции од државата.
Унгарската авиокомпанија долг период добиваше субвенции од државата за летови од Меѓународниот аеродром во Скопје и од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а во последниот договор кој беше потпишан во 2019 година, на компанијата е исплатено пет милиони евра субвенции од државата.
Благодарејќи на „Визер“, голем бројна линии кон европски дестинации се отворија од скопскиот и охридскиот аеродром, а поради политиката на ефтини авиобилети, драстично се зголеми бројот на патници во авиосообраќајот во државата.
Подготвено од М.Н.