08.11.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, косовскиот министер за внатрешни работи Џељал Свечља изјави дека засега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки.
На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти, Свечља истакна дека тие оставки се резултат на уцени.
Според Свечља, евидентно е дека дел од тие „оркестрирани настани” не биле организирани од локални Срби „туку од одредени групи организирани во соработка со Вучиќ.
Подготвено од А.Ѓ.