https://www.facebook.com/photo.php?fbid=475924680567937&set=pb.100044512263241.-2207520000.&type=3

19.11.2022 Скопје

Кошаркарите на Далас во НБА лигата убедливо го совладаа Денвер со 127:99, благодарение на новата одлична партија на Лука Дончиќ, кој пред своите навивачи стигна до 50 трипл-дабл во кариерата.

Словенецот имаше 33 поени, по 11 скокови и асистенции, и уште еднаш испиша историја во најдобрата кошаркарска лига на светот.

Дончиќ (23) е само третиот играч кој успеа да стигне до 50 трипл-дабл пред својата 25 година.

На спротивната страна, за Нагетси на синоќешниот меч по 18 коша постигнаа Брус Браун (седум асистенции) и Кентавиус Колдвел-Поуп. За Денвер не настапи српскиот центар Никола Јокиќ поради болест.

Инаку за овој учинок, на Дончиќ му беа потребни 278 натпревари, еден помалку од легендарниот Меџик Џонсон. Рекордот и понатаму го држи неприкосновениот Оскар Робертсон, кој за само 111 мечеви стигна до 50 трипл-дабл во кариерата, а прашање е дали некој во новата ера на кошарката ќе го надмине неговиот успех.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author