https://www.freepik.com/free-photo/business-debt-wages-got-usd_1088185.htm#query=dollar&position=36&from_view=search&track=sph#position=36&query=dollar

21.11.2022 Скопје

Откако минатата недела зајакна за околу 0,5 отсто, вредноста на доларот во однос на другите валути утрово дополнително се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 107,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,90 поени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0298 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0325 долари.

И курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,35 на 140,45 јени.

Откако минатата недела цените на нафтата потонаа за речиси 10 отсто, истите дополнително паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 1,05 отсто, на 86,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,10 отсто, на 79,20 долари.

Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи инвеститорите се загрижени за натамошното зголемување на бројот на заболени од ковид-19, па надежите за брзо олеснување на рестриктивните мерки избледеа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author