22.11.2022 Скопје
Премиерот на Косово, Албин Курти по вчерашната средба во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека договор не е постигнат бидејќи шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел се откажал од предлогот на Европската унија, односно од рокот март 2023 година како датум за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Курти изјави дека за неговата влада е неприфатлив предлогот кој што Борел го предложил за решавање на актуелната криза со мерките за тие што нема да ги сменат српските со косовски регистерски таблички.
Премиерот на Косово нагласи дека секогаш е подготвен да отпатува за Брисел на разговори за разни актуелни прашања, како што е ова за регистерските таблички, но изрази очекување дека во центарот на преговорите треба да биде и меѓусебното признавање на Косово и Србија.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во вчерашниот ден изјави дека по повеќечасовни разговори меѓу претставници на Србија и Косово со посредство на ЕУ, двете страни сепак не се договориле, односно дека Вучиќ ги прифатил предлозите, додека Курти не.
Подготвено од М.Н.