02.11.2022 Скопје
Организаторите на „опасни собири“ со над 50 луѓе ќе се казнуваат со затвор до шест години, а делото ќе отвора можност за прислушување на организаторите на рејвот, откако властите во Италија наредија околу илјада рејвери да напуштат магацин во Модена, каде два дена се одржувала таква забава.
Жителите во околината се пожалиле на 48-часовната непрекината техно музика на забавата по повод „Ноќта на вештерките“, која преку социјалните мрежи привлекла млади луѓе од околните италијански градови, но и од Белгија и од Франција.
Неколку часа откако била прекината забавата, премиерката Џорџа Мелони, објави дека организирањето на напријавени рејв забави ќе го направи како кривично дело и дека тој нов закон ќе има за цел да ги заштити луѓето од повреди и дека нема да биде поразличен од истите закони во Европа.
Подготвено од М.Н.