17.11.2022 Скопје
Министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека учебниците конечно се готови и во наредните денови ќе бидат доставено во училиштата и ќе бидат доделени на учениците кои учебната година ја почнаа без учебници.
Министерот претходно изјави дека учебниците ќе бидат готови до октомври, но тој рок се одолжи за уште еден месец.
Шакири истакна дека до сега се испечатени над 22 наслови само за основно образование, околу 15 се испечатени од економскиот оператор кој ја презема обврската да ги печати.
Подготвено од М.Н.