protesti

28.11.2022 Скопје

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници изјави дека нема никаков долг кон приватните превозници бидејќи сите фактури до сега од негова страна биле уредно платени.

Градоначалничката Данела Арсовска, на седницата најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, и тоа со цел за оние превозници што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.

Според директорот на ЈСП, Стојковски, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега, и додаде дека доколку од „Слободен превоз“ сметаат дека роковите за исплата се пробиени слободно можат да поднесат тужба против претпријатието.

Подготвено од М.Н.

About Author