26.11.2022 Скопје
Доколку се обидувате да изгубите неколку килограми од вашата тежина веројатно сте се запрашале и кои видови на храна би можеле да ви помогнат да ги постигнете вашите цели.
Со толку многу спротивставени информации од сите страни, може да изгледа збунувачки од каде да се започне, затоа во една направена анализа се споделени намирници за кои сите мислиме дека се здрави но всушност предизвикуваат повеќе дебелеење.
Диететскиот јогурт е популарен меѓу сите кои сакаат да го намалат внесот на калории и да ги симнат несаканите килограми, но тој всушност често е пообработен и содржи многу повеќе вештачки состојки кои дебелеат, па затоа подобра опција е да се конзумира обичната верзија бидејќи таа поради своите масти помага да бидеме подолго време сити.
Зелениот чај често се карактеризира како магичен пијалок за губење на насобраните килограми. Иако има многу здравствени придобивки, претходните студии покажуваат дека има минимален ефект врз слабеењето. Не е штетно да пиете шолја зелен чај секој ден, но голема е веројатноста дека нема да изгубите тежина благодарение на него.
Доколку сте зависни од газирани сокови, можеби изгледа како добра идеја да пиете диетални верзии од нив наместо обични, но сепак повеќето истражувања покажуваат дека пијалоците со вештачки засладувачи можат да ја зголемат желбата за шеќер и на тој начин само дополнително да промовираат зголемување на телесната тежина.
Протеинските шипки исто така изгледаат како здрава и удобна закуска, но повеќето од нив се полни со калории, масти и додадени шеќери кои допринесуваат за зголемување на телесната тежина.
Тука се и оризовите крекери, кои самите се многу нискокалорични, но тие всушност се ниски и со хранливи материи. Прилично е сигурно дека ќе ви требаат многу од овие закуски за да се чувствувате дури и оддалеку сити, со што ќе ја поразите својата цел за слабеење.
Подготвено од М.Н.