10.11.2022 Скопје
Склучени се околу 1.000 договори со фирми за субвенционирање на електрична енергија, од кои околу 600 се пекари во државата.
Во наредните десет дена се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто, а во делот на лебот веќе е почнато поевтинувањето.
Се очекува во наредните неколку дена и намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот Бектеши, истакна и дека од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања доколку суровините останат со истите увозни цени и според Бектеши, преку Царинската управа ќе се следат увозните цени на суровините.
Бектеши упати апел до потрошувачите, доколку утврдат дека нема намалување на овие производи согласно одредените проценти, да пријават во Државен пазарен испекторат.
Подготвено од М.Н.