https://www.facebook.com/photo/?fbid=1065937886917388&set=pcb.1264826073659659

13.11.2022 Скопје

Денеска ќе се одбележи Денот на ослободувањето на Скопје-13 Ноември, со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноoслободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

Собраниската делегација која ќе биде предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.

Освен положување на свежо цвеќе на спомен обележјата, прославата ќе продолжи и со многу културни и спортски манифестации.

Детскиот културен центар „Карпош“ и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи, која манифестација има за цел да бидат истакнати детските творечки способности а воедно и децата да бидат запознаени какво е значењето на празникот 13 Ноември.

По повод празникот 13 Ноември е најавена и улична трка во периодот од 16:30 до 19 часот, и во тој период ќе има измени во сообраќајот.

Подготвено од М.Н.

About Author