https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t31.18172-8/26114748_1430347563757754_503538357555470801_o.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=HHWIzww8RE8AX9gJ-1O&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_L1JrfDX-EUKy7ulOWZhNivVgTzzoaXy0Dca7Qa0l6FQ&oe=62FE06FD

30.11.2022 Скопје

Во понеделникот заврши општата расправа на која власта и опозицијата ги изнесоа своите ставови, и според парламентарното мнозинство, проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а од друга страна пак опозицијата смета дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет.

Од денес веќе ќе започне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година, каде поднесени се вкупно 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната 2023 година, растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто.

Вкупните приходи за 2023 година се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари и тие се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.

Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП, а за капиталните расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повисоко во однос на планот за 2022 година.

Подготвено од М.Н.

About Author