14.11.2022 Скопје
Во текот на денешниот ден, Советот на јавните обвинители во Скопје, ќе избира шеф на Вишото јавно обвинителство.
На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, а советет треба да го потврди и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи се обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство а потоа беа избрани за виши обвинители.
Советот на јавни обвинители денес ќе гласа и за уште неколку шефови на обвинителства, односно за Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.
За денес е закажано исто така и распишување на оглас за четири јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Подготвено од М.Н.