25.11.2022 Скопје
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Бугарија денеска ќе ги продолжат разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот беа фокусирани на учебниците.
Копретседателот на комисијата, Драги Ѓорѓиев, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен конкретен резултат, заклучок или препорака, но имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени интересите на нашата страна.
Македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август оваа година ги усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век свети Кирил и Методиј, свети Климент, свети Наум и Цар Самоил.
Подготвено од М.Н.