https://www.facebook.com/photo/?fbid=586080443309013&set=a.586080409975683

11.11.2022 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи, соопштија дека неколку лица ја демолирале и запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“, која се наоѓа во населбата Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи, посочија дека директорот на студентскиот дом, Агим Фејзулаху, пријавил за настанот и истакнал дека по претходна расправија со лица кои биле предходно вработени во домот, била фрлена запалива течност, при што настанал пожар.

Пожарот е локализиран од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, и од МВР изјавија дека нема повредени во овој инцидент.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот и работат на расчистување на случајот, и по целосно документирање ќе излезат со детален извештај а против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подготвено од М.Н.

About Author