https://www.flickr.com/photos/nato/23194600724/in/photolist-BkCoH3-bzEjcM-FQZJH6-EVy8MG-j9xTG-FGPPQW-v6ez7P-FK8KAK-EVJYSK-EVy8EC-FGPPP3-FNGKqq-FNGJTU-uYwW9T-W93gE8-EVJYev-EVJYek-uGwh85-v6erPx-a5L7o6-uGwgwf-22KxgUY-8D7Ag8-9BmMVr-e2qZp4-6Uh5iX-6kUCNj-uDDVyb-e2qZwe-YpGLaY-FGPPio-FK8Kg6-FGPNZh-FqT7Rs-9fDN6F-8eZWpr-aDsSmg-J2gchL-8eZWZt-8f4esj-ipbsbX-vqpVed-8f4dKw-8eZWCZ-8f4dMu-8eZWfB-8eZWi8-9BmMH2-9e3pPb-u2q1fp

21.11.2022 Скопје

На 21 ноември 1995 година во сојузната американска држава Охајо, во гратчето Дејтон, се водеа преговори меѓу лидерите на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, односно Алија Изетбеговиќ, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман каде што е постигнат мировен договор.

Главен посредник во преговорите бил американскиот дипломат и специјален пратеник Ричард Холбрук, каде неговите методи во креирањето на овој мировен договор но и привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, постигната истата таа 1995 година го добија прекарот „булдожер дипломатија“.

Договорот кој е општо познат како „Дејтонски договор“, по местото каде што се одвиваа мировните преговори службено е потпишан во Париз, на 14 декември 1995 година.

Со овој договор БиХ беше поделена на ентитети на етничка основа. Во Федерацијата БиХ беа вклучени бошњачката и хрватската заедница на 51 отсто од територијата на земјата, а на преостанатите 49 отсто од територијата беше воспоставена Република Српска, така што денот на потпишувањето на Дејтонскиот договор е државен празник и неработен ден во Република Српска.

Дејтонскиот моровен договор од многумина е критикуван дека е веќе застарен, но истовремено и се против за негово реформирање, бидејќи овој договор е направен така да не дозволи било кој ентитет да доминира во земјата, а неговите комплексни механизми да служат на националистичките политичари за да ги задржат позициите, без оглед што така го спречуваат и развојот на земјата.

Босна и Херцеговина после 27 години како држава економски е многу слаба, јавните сервиси се неефикасни, градовите се загадени а младите масовно се иселуваат поради невработеноста која е огромна. Во анкета која е спроведена во 2018 година, стои дека 87 отсто од младите истакнале дека неможат да се вработат доколку немаат врски во институциите, а 49 отсто истакнале дека ќе бараат работа во друга држава.

Доминантните политичари на трите етнички заедници сеуште се повикуваат на војната во обид да ги задржат своите позиции, а во анкетата е наведено и дека пред војната секое трето семејство било етнички мешано, а сега имало само 3 отсто мешани бракови.

Подготвено од М.Н.

About Author