https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

07.11.2022 Скопје

Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија, изјави дека излегувањето на Србите од косовските институции е еден вид народен отпор заради избегнувањето на косовските власти да ја формираат Заедницата на српски општини и заради напорите за наметнување независно Косово и на неговиот север.

Дачиќ истакна дека Србија ќе биде одлучна да го заштити српскиот народ доколку постои безбедносна закана.

Министерот потсети дека КФОР се наоѓа на Косово и дека веќе нема измолкнување „ што значи или ќе постапат во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, да го гарантираат мирот и безбедноста, или јасно ќе покажат дека повеќе не се заинтересирани за тоа, бидејќи отворено се застанати на страната на Приштина”.

Дачиќ додаде дека одлуката на Србите е „историска” и „маските паднаа за да се види дали се уште важи бриселски договор, чие спроведување е и одговорност на Брисел”. Воедно, додаде дека „никој во Србија не верува” дека меѓународната заедница не може да влијае на Курти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author