https://www.flickr.com/photos/fchmksfkcb/52406947286/in/photolist-2nR2iAE-2nR2jaL-2nR2joX-2nR3PAv-2nR2hhs-2nR2gac-2nR2hfU-2nR3LCw-2nQYHQD-2nR2jhz-2nQYL8j-2nR3MLU-2nR3PuU-2nR4zjD-2nR2j1s-2nR4zbc-2nR3P8S-2nR3NZf-2nR4yND-2nR4yGr-2nQYKan-2nQYJBU-2nR4V4S-2nR4URC-2nR4ULH-2nR3Mxc-2nR4Uza-2nR4Uvc-2nQYHZm-2nR2h1q-2nR4TLS-mbNLtv-mbNk7a-mbNUea-2nR3Lx6-2nR3NvE-2nR4VGv-2nR2gw9-2nR4wJd-mbNcZe-mbNSVD-mbPBVs-mbQ9SN-ryTDGs-mbQdTU-mbQ1bj-mbP3bc-mbNCri-mbP9SZ-ryU1pE

13.11.2022 Скопје

Во соопштението од српскиот кошаркарски клуб Црвена Ѕвезда стои дека ја прекинале соработката со досегашниот и прв тренер на клубот, Владимир Јовановиќ.

Белградскиот клуб во најкус можен рок ќе ја информираат јавноста за именувањето на нов прв тренер, стои во соопштението на клубот.

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда, е актуелен шампион во АБА лигата, добро ја започна новата сезона во регионалното натпреварување, но ги разочара своите навивачи со изненадувачкиот пораз дома од хрватскиот Задар со 96:98 и моментно е на петтото место со девет бодови, три помалку од водечкиот Партизан.

На последниот евролигашки натпревар во Истанбул, Турција, пред три дена загубија од составот на Фенербаахче со 93:79, и во Евролигата се наоѓаат на последното 18 место со шест порази и само една победа.

Во следното коло на 11 ноември на домашен терен ќе го пречекаат францускиот Лион-Вилербан.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *