14.11.2022 Скопје
Во минатото го носеше дресот на Југопластика и беше репрезентативец на СФРЈ, легендарниот кошаркар Душко Ивановиќ е новиот тренер на КК Црвена Ѕвезда.
Ивановиќ со своите 65 години има собрано богато искуство и одлична кариера и веќе во четврток ќе дебатира на клупата на црвено-црните во мечот против АСВЕЛ во Евролигата.
Душко Ивановиќ во својата тренерска кариера последно беше ангажиран во Басконија со која стигна и до шампионска титула.
Покрај шпанскиот клуб, Ивановиќ беше тренер и на Ломож, Барселона, Бешикташ, Химки и Панатинаикос и во својата кариера како тренер има освоено 17 трофеи.
Подготвено од М.Н.