https://www.facebook.com/photo/?fbid=697235851759532&set=pb.100044193711021.-2207520000.

05.11.2022 Скопје

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада, со цел враќање на целосната функционалност на земјата.

Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на претседателот, Ѓукановиќ се сретнал со новоименуваниот регионален директор на Фондацијата Конрад Аденауер, Јаков Девчиќ, кој е во посета на Црна Гора.

Ѓукановиќ го информирал Девчиќ за актуелните настани во земјата, додавајќи дека како резултат на неодговорното однесување на претходната влада, Црна Гора ја пропуштила шансата да напредува на европскиот пат во периодот на изразен ентузијазам за политиката на проширување што доаѓа од Брисел и други европски земји.

Претседателот Ѓукановиќ нагласи дека неодамнешните настани во парламентот доведоа до дерогирање на врховниот закон.

Јаков Девчиќ истакна дека очекува продолжување на соработката и во иднина, како и подобрување на активностите на фондацијата, која ја поддржува независна Црна Гора на нејзиниот пат кон Европа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author