https://www.facebook.com/photo.php?fbid=336843071804483&set=pb.100064363792390.-2207520000.&type=3

23.11.2022 Скопје

Агенцијата за разузнавање ЦИА, е заинтересирана за регрутирање на Русите кои се не се задоволни од војната на Владимир Путин која ја води против Украина, изјави директорот Дејвид Мерлоу.

Мерлоу истакна дека бараат луѓе од Русија кои се згрозени од војната исто како и тие, и додаде дека се отворени за соработка и бизнис со нив.

Се проценува дека околу 700.000 Руси ја напуштиле државата откако Путин прогласи делумна мобилизација во средината на септември, а се верува дека од самиот почеток на војната Русија ја имаат напуштено околу еден милион жители.

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ6 Ричард Мур проценува дека повеќе од 400 руски разузнавачи кои работеле под дипломатски параван биле протерани со почетокот на руската агресија над Украина, што сериозно ги загрозило разузнавачките операции на Кремљ.

Подготвено од М.Н.

About Author