centralna banka bih

25.11.2022 Скопје

Централната банка на Босна и Херцеговина (ЦББН) ќе пушти во продажба монети со конвертибилни марки во апоени од 5 KM и 2 KM, кои се дополнително исковани во 2022 година.

Монетите се исковани во согласност со редовните активности на CBBH, кои имаат за цел да обезбедат доволно монети со соодветна структура на апоени за потребите на готовинскиот промет во БиХ.

Основните карактеристики и дизајнот на дополнителните количини на монети во апоени од 2 KM и 5 KM, емисија од 2022 година, остануваат исти како и на монетите од претходните изданија на овие апоени, со тоа што на реверсот на монетата се наоѓаат број „2022“, односно годината на ковање на споменатите апоени.

Од Централната Банка во Босна и Херцеговина соопштија дека новите ковани монети ќе бидат пуштени во употреба селективно, односно по потреба.

Подготвено од М.Н.

About Author