08.11.2022 Скопје
Во новиот број на Макроекономски анализи и трендови (МАТ) е објавена новата анализа „Цените на струјата и гасот за домаќинствата и економијата во Европа во првата половина на 2022“, која покажува дека домаќинствата во Холандија плаќаат струја по пониски цени од граѓаните на Србија, просечната цена на струјата за домаќинствата во Холандија во периодот јануари-јуни 2022 година е намалена на 5,9 евроценти за киловат час, додека во Србија е 8,1 евроцент за киловат час.
Кога станува збор за гасот за домаќинствата, во првата половина од годината, во споредба со Србија, анализата покажува дека гасот бил поевтин само во Унгарија и Турција, додека пак во економијата ситуацијата е нешто поинаква.
Оваа година, трошоците за енергија во Европа драстично растат. Како клучни причини се наведуваат тензичните политички односи, конфликтот во Украина и рекацијата на пазарот на санкционирањето на рускиот извоз на нафта и гас.
Според соопштението на Еуростат од 31 октомври, просечната пондерирана цена на електрична енергија за референтните потрошувачи од категоријата домаќинства во земјите на ЕУ се зголеми од 22 евроценти за киловат час на 25,3 евроценти за киловат час меѓу првата половина на 2021 година и првата половина на 2022 година. Струјата, според анализата, поскапела за домаќинствата во Чешка за 62 отсто, Латвија за 59 отсто и Данска за 57 отсто.
Во пет европски земји цената на струјата за домаќинствата е намалена, најмногу во Холандија за дури 54 отсто, потоа Словенија за 16 отсто, Полска за 3 отсто, односно Португалија и Унгарија, и двете за 1 отсто).
За цената на гасот за домаќинствата, вклучително и ДДВ и даноци, анализата покажува дека таа е зголемена во 23 од 24 земји-членки на ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.