Image by wirestock on Freepik

07.11.2022 Скопје

Граѓаните на Германија секој ден се повеќе ја чувствуваат економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина.

Последен во низата удари по нивните џебови е огромното поскапување на јавниот превоз, од 9 на 49 евра.

Германија од први јануари ја очекува широк спектар на поскапувања, а убедливо најмногу поскапел превозот, повеќе од пет пати. Токму затоа граѓаните за да го изразат своето незадоволство излегоа на улиците во многу градови во земјава. И овој билет е субвенциониран од државата како и претходниот. Сојузната држава презема трошоци во износ од 1,5 милијарди евра.

Тројно ќе се зголеми и бројот на лица кои ќе имаат право да ја субвенционираат месечната закупнина од 1 јануари. Во иднина, субвенциите ќе важат за два милиони домаќинства, а вкупниот износ на субвенции ќе се зголеми од 1,4 милијарди на 5,1 милијарди евра. Иако покраините побараа од федералната влада да ги преземе поголемиот дел од субвенциите, договорот вели дека покраините и државата ќе плаќаат половина од нив, како и досега.

Инфлацијата во септември достигна 10 отсто, првпат во последните 70 години, а најмногу поскапеа енергенсите и храната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author