https://www.flickr.com/photos/188068940@N06/49879589133/in/photolist-2iZFW56-2m3mZnH-8g1Kz8-E1F7nU-2kRhN3D-2mWVqLt-2mfo6Sj-2kUf84y-2mt4b6A-E5fwLX-217jPgS-Yoti76-22aX1s8-2n8K7Ps-Yb1WnR-Y8k8AW-2n8NhrB-2n8K7NA-2n8K7PN-2hmHN6j-Y6NXHj-Xa2qdB-2n8NhrS-2n8LLgH-2iCpQhb-86fWQa-2nynCHj-2nkvfMz-2i3Hx8F-2n8LLfL-2hmG6X7-2g9nBEg-2hmHP4b-2hv3maN-tM8T1a-24AorUF-MQjg6Q-2iDdbWK-oudY9k-2hmJzpX-86fVLH-86fVN8-R2x6dq-etaagg-2jym4Au-gbZLa-bMVeHa-Wu9Qsm-AGTDYW-6tC2Xp

25.11.2022 Скопје

По руските ракетни напади врз инфраструктурата на главниот украински град, речиси целосно е обновено снабдувањето со вода и струја во Киев.

Јавните комунални претпријатија се обидуваа да го обноват снабдувањето на градот со електрична енергија, поради чии прекини речиси целиот тримилионски град остана без вода.

Во многу делови од главниот град откажа затоплувањето, немаше струја, интернет ниту мобилна телефонија. Делови од Киев и доцна синоќа се уште беа без електрична енергија.

Вчеравечер, заменик-шефот на претседателската канцеларија, Кирило Тимошенко, изјави дека всушност сите области на Украина се снабдени со електрична енергија.

Градоначалникот Виталиј Кличко истакна дека во одреден момент дури 70 отсто од Киев бил надвор од системот за снабдување со електрична енергија, потенцирајќи дека општинските служби работеле без престан на санирање на штетите, но снабдувањето со електрична енергија за Киев зависи од стабилноста на целиот енергетски систем во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author