https://www.facebook.com/photo/?fbid=188554043695439&set=pcb.188554377028739

10.11.2022 Скопје

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека по Нова година пациентите веќе нема долго да чекаат за термини за прегледите за мамографија во Скопје, бидејќи ќе се инсталира современа дијагностичка опрема, од мамографија, дигитален ренген, до ангиографија и компјутерска томографија во 12 градови во Република Северна Македонија.

Министерот за здравство истакна дека должност на добавувачите е да обезбедат обука на кадарот кој што ќе работи со овие нови современи апарати.

Беким Сали додаде дека веќе нема да се случуваат непријатни искуства на пациентите, бидејќи опремата која е купена веќе нема да стои во магацините туку веднаш ќе биде инсталирана и пуштена во функција.

Распределувањето на апаратите во градовите ќе се врши според оспособувањето и имањето на кадар и потенцијал за да се дава квалитетна услуга на пациентите.

Подготвено од М.Н.

About Author