27.11.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.
Во соопштение од Министерството за надворешни работи стои дека Османи во текот на денешниот ден ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.
Целта на оваа посета е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, каде што посебен фокус ќе се осврне на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.
Подготвено од М.Н.