https://www.facebook.com/photo/?fbid=456925193132370&set=pcb.456925269799029

16.11.2022 Скопје

Бугарскиот совет ќе расправа за заканите од ескалација на конфликтот во Украина, откако Полска беше погодена од ракета во вторникот, при што загинаа двајца нејзини граѓани.

Средбата во Софија ќе се одржи по состанокот на НАТО што го побара Варшава, на кој треба да се разговара за активирање на членот 4 од Договорот на Алијансата.

Според бугарскиот премиер Галаб Донев, треба да има цврста основа за тоа што ќе се каже и одлучувањето мора да се заснова на факти. Воедно, смета дека секој непромислен збор носи ризик од ескалација на конфликтот и убивање невини луѓе.

Денеска ќе има состанок на двете парламентарни комисии за надворешни работи и одбрана на бугарскиот парламент, на кој ќе присуствуваат вршителите на должноста министри за надворешни работи Николај Милков и за одбрана Димитар Стојанов, како и раководителите на бугарските специјални служби.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author