https://www.facebook.com/photo/?fbid=1859727904298123&set=a.198735918283010

25.11.2022 Скопје

Техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави дека Бугарија ја проучува можноста за купување турски беспилотни летала „Бајрактар“.

Бугарскиот технички министер за одбрана изјави дека имало само средба со турската страна, прецизирајќи дека средбата била со извршниот директор на компанијата „Бајрактар”.

Турската компанија понудила информации, соработка и кооперација, вклучително и со бугарски компании, но било рано е да се зборува за овој проект.

Министерот Стојанов истакна дека компаниите со кои може да се разговара се познати, но САД се водечка земја. Според него, проектот е во фаза на истражување на пазарот.

Набавката на беспилотни летала е во плановите на бугарското Министерство за одбрана за модернизација на армијата до 2026 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author